Иако Ким Кардашијан и Кание Вест и понатаму не откриваат како ќе им се вика ќерката, таа информација наводно не им побегна на американските медиуми. Бебето родено пред четири дена наводно ќе се вика Кајденс Донда Вест.
Како што пренесуваат „Female First“, информацијата за името на девојчето го открила една од медицинските сестри од породилиштето.
Гласините се уште не се официјално потврдени, но доколку се вистинити, тоа значи дека Ким ја испочитувала традицијата на Кардашијан која наложува сите деца во семејството да имаат име кое започнува на буквата „К“.
Донда Вест беше името на мајката на Кание Вест која почина во 2007-та година.