Вештачко срце со големина на мал прст го одржало животот на 16 месечно бебе речиси две недели во исчекување на трансплантација. Бебето од Италија, чие име не е објавено, страдало од кардиомиопатија, болест која ги истегнува мускулите во срцето до тој степен што тие веќе не можат да пумпаат крв.
Нему му бил потребна трансплантација но немало соодветен донор по што докторите морале да импровизираат. „Овој пациент стана маскота за нас“ изјавил хирургот Антонио Амодео од Болницата Бамбино Жезу во Рим, објаснвајќи дека бебето било во интензивната нега на болницата веќе петнаесет месеци. „Јас реков, ,Не смее да умре; морамд да направам нешто за него’.“
Амодео и неговиот тим се обиделе со Берлинско Срце, смалена верзија на помагалото за левата преткомора која му помогнала на Дик Чејни. Но таа направа, со цвките кои излегуваат од телото, предизвикала ризична инфекција. Нивниот втор обид бил минијатурна пумпа од 11 грама, креација на американскиот доктор Роберт Јарвик која претходно била тестирана само на животни.
„Му реков ,Доктор Јарвик, те молам помогни ми. Не сакам да го загубам овој пациент’.“ изјавил Амодео, додавајќи дека на болницата ѝ била потребна специјална дозвола од американската Администрација за Храна и Лекови и италијанското Министерство за Здравство пред да може да ја употреби експерименталната направа. „И покрај тоа што имаше само неколку експерименти на животни, ние знаевме дека ќе работи.“
Направата работела, одржувајќи го бебето живо 13 дена пред електрични проблеми да ги примораат докторите да се вратат на Берлинското Срце. Два дена подоцна тие добиле срце од донор. „Неверојатно е“ додал Амодео, посочувајќи дека трансплантацијата направена во Април била успешна и бебето наскоро ќе биде дома. „Сите сме среќни бидејќи бебето наскоро ќе биде во рацете на мајка му.“ [Baby saved by smallest artificial heart]