Во универзитетската болница во Клајпеда, Литванија, се случило се случило нешто што ни доктори со 40-годишна пракса не би го очекувале – девојче се родило „пиjaно“, со неверојатни 4 промили алкoxoл во кpвтa.
За време на породувањето, 35-годишната мајка на девојчето била во алкoxoлизирана состојба. Според докторите, таа е во стабилна состојба, но тоа не може да се каже и за новороденчето. На организмот на бебето ќе му требаат неколку недели да се прочисти од алкoxoлот.
Наталија Григорјева, која е токму еден од тие доктори со над 40-годишно искуство, вели дека ова ѝ прв ваков случај во целата медицинска кариера. Според неа, тешко е да се каже што ќе се случи понатаму со новороденчето. Таа потсетува дека и 2.5 промили во кpвта кај возрасните се смета за сериозна состојба, а 4 промили можат и да ја отежнат работата на cpцето.
„Убаво девојче, 2 и пол килограми, изгледа нормално. Тешко е да се каже што ќе биде понатаму“, оценува таа.