Случајот на осумгодишната Габриел Вилијамс, која се уште изгледа како бебе, би можел да биде одговор на прашањето за биолошката бесмртност, сметаат научниците.
Иако има 8 години, таа е зависна од родителите како бебе, тие и менуваат пелени и ја хранат неколку пати на ден. Нејзиното лице и кожа се како на бебе. За состојбата на Габриел, лекарите се уште немаат име. Габи заедно со уште двајца луѓе кои страдаат од истата болест, 29-годишничка од Флорида, кој изгледа како да има 10 години, и 31-годишна Бразилка, која изгледа како дете, ќе се појават во документарецот „40-годишно дете: Нов случај“.
Доктор Ричард Волкер ги истражува трагите што би можеле да откријат зошто овие луѓе не стареат. Се верува дека нашол еден од гените одговорни за „развојна инерција“. „При нашиот развој сите делови на телото заедно се менуваат и развиваат. Инаку настанува хаос“, објаснува тој. Состојбата на Габриел и на останатите „пациенти“ за сега останува мистерија.
[youtube]http://youtu.be/p0EdzUztE9I[/youtube]