BBC ја претстави својата нова онлајн видео платформа. Ова е прв поглед на нивните планови за пренос на настаните од Летната Олимпијада. Новиот плеер ќе има неколку опции, како паузирање и враќање на снимката, гледање информации (резултати и табели) и известувања кои ќе ве носат до преноси од други настани.
Исто така ќе има и интегрирани профили на спортистите кои ќе црпат информации од Twitter и реакции на гледачите. Секој што некогаш го користел iPlayer на BBC знае дека не се одликува со висок квалитет. Компанијата сепак го забележала тоа, новиот плејер ќе пренесува снимки до 3,5Mbps споредено со максималниот квалитет од 1,5Mbps на iPlayer.
Надминувајќи го Олимпискиот пренос на NBC, BBC ќе пренесе над 2500 часови содржина кои на Британците ќе им бидат пренесени преку 24 канали. Корпорацијата работи на апликации за iOS и Android, но ќе создаде и мобилна верзија на неговиот видео пренос за другите платформи.
BBC исто така планира да воведе и „стандардизирана“ ТВ апликација која ќе нуди пренос во живо до Virgin Media TiVo, PlayStation 3, Sony смарт телевизори и „други платформи кои ќе бидат објавени во иднина“. За оние Британци кои не сакаат да ја следат Олимпијадата на мал екран во Лондон ќе бидат поставени големи екрани. [BBC’s live Olympics video stream will include pause, rewind, alerts, and Twitter integration]