Баварскиот министер за шумарство предизвика шумски пожар

ministar_sumarstva[1]

Хелмут Брунер е главниот човек задолжен за заштита на шуми во баварскиот дел на Германија. Како за Министер за шумарство, Брунер е прилично популарен, што се должи на неговите чести гостувања во медиумите, во кои постојано предупредува на опасностите од шумските пожари.

Е, истиот тој човек, решил да се ослободи од ѓубрето на неговиот имот – со палење. Изгорените остатоци, во кои уште имало жар, ги фрлил во блиската шума. Неколку часа подоцна, шумата се запалила, а Брунер лично ги повикал пожарникарите.

„Потполно ја потценив опасноста и многу се посрамотив“, изјави министерот за локалната радио-телевизија. Додека Брунер даваше изјава, иронијата во позадина и мафташе на камерата и правеше несериозни гримаси.

- Реклама -