Разговорите околу можното враќање на Мануел Нојер во германската репрезентација пред Светското првенство станаа главна тема во локалните медиуми во последно време, а сега имаме потврда од сигурни извори.
Според познатиот германски спортски новинар Флоријан Плетенберг, селекторот Јулијан Нагелсман одлучил да го врати стратешки важниот голман на Баерн во националниот тим.
Плетенберг известува дека Нагелсман му се обратил на Оливер Бауман, изразувајќи дека планира да смета на Нојер како прв голман на Светското првенство, под услов неговата повреда на листот да не се влоши. Разговорот бил телефонски, бидејќи Бауман во тој момент се одмора со семејството во Палма де Мајорка.
Оваа вест го разочарала Бауман, кој одлично се покажал во сите квалификациски натпревари за СП и со право се надеваше дека ќе биде првиот избор на турнирот во САД, Мексико и Канада.
И покрај разочараноста, голманот на Хофенхајм му кажал на селекторот дека е подготвен да биде резерва и да отпатува на првенството како втора опција.
Плетенберг додава дека конечните детали околу улогата на Нојер во репрезентацијата ќе бидат дефинирани во текот на денешниот и утрешниот ден.
Официјалниот список од 26 играчи за Светското првенство Нагелсман планира да го објави во четврток.
Германската репрезентација ќе го одигра својот прв натпревар против Курасао на 14 јуни во 19 часот.
Фото/ Depositphotos




