Гаџетите во иднина би можеле да имаат батерии создадени од шеќер (видео)

Литиум-јонските батерии се најчестиот тип на батерии кои се користат во модерните направи. Проблемот е што литиумот е редок метал кој тешко се наоѓа, што значи дека земјите кои го увезуваат развиваат алтернативи.

Во Јапонија истражувачи од Научниот Универзитет од Токио откриле начин за создавање на натриум-јонска батерија која може да биде создадена со обичен шеќер. Но шеќерот мора прво да биде обработен, за да биде употребена за анодата, сукрозата мора прво да биде претворена во јаглероден прав преку загревање на 1500 степени целзиусови во отсуство на кислород.

{youtube}wM_UflGNLNg{/youtube}

Во реалноста има многу материјали кои можат на сличен начин да бидат претворени во јаглерод на сличен начин, но предноста на користење на шеќер е што истиот е практично неисцрпен ресурс. Создавањето на батерии со материјали кои можат лесно да бидат обновени ја намалува цената на производство, а со тоа и цената на направите.

Истражувачите исто така откриле дека овој нов материјал всушност создава батерии со поголем капацитет. [Main sugar constituent provides effective anode material for sodium ion batteries]

- Реклама -