И таман објавивме, како и сите други не само македонски портали кои го следат Европското првенство во ракомет, дека Кире дефинитивно ќе ги пропушти преостанатите натпревари поради повреда, ете стигнува искра надеж. Искра што може да прерасне во пожар.
И покрај сите шпекулации, па и потврдата од ЕХФ, екипата на „Екипа“ во Хрватска дознава дека постојат сериозни шанси дека Кире ќе ја носи капитенската лента и на претстојните (минимум) два натпревари на македонската репрезентација.
Резултатите од прегледите во Загреб, според нивните сознанија, покажуваат дека повредата не е толку лоша колку што сите стравуваа, а РФМ веднаш ангажирала врвни медицински експерти од регионот кои рамо до рамо со лекарскиот тим на македонската репрезентација ќе се обидат да го подготват Лазаров за продолжението на ЕП.
Околу тоа кога да очекувате дефинитивна информација, дочитајте на „Екипа“ на директниов ЛИНК. Во меѓувреме стискаме палци.