Башар Асад не го исклучува учеството во следните претседателски избори во Сирија

Башар Асад не ја исклучува можноста за учество на следните претседателски избори во Сирија.

120713023419-al-assad-gestures-story-top
“Тоа е мое право, иако е рано да се каже дали ќе учествувам”

Во интервју за кинескиот телевизиски канал Phoenix, Башар Асад изјави дека не ја исклучува можноста да учествува на следните претседателски избори во Сирија.

“Тоа е мое право, иако е рано да се каже дали ќе учествувам”, изјави државната глава на блискоисточната држава, во која веќе четврта година беснее граѓанска војна.

Башар Асад истакна дека за изработката на нов устав и референдум, кој треба да биде одобрен од граѓаните, ќе бидат потребни не повеќе од две години.

- Реклама -