Барселона ќе се цензурира во Палестина

Палестинската воено-политичка организација Хамас соопшти дека во иднина во земјата ќе бидат цензурирани сите вести за фудбалскиот клуб Барселона, затоа што на „Камп Ноу“, за дуелот против Реал Мадрид, како гостин е повикан израелскиот војник Гилад Шалит.

Отсега ниедна телевизија во Газа нема да ги пренесува натпреварите на Барселона, а весниците не смеат да објават ниту една вест за овој клуб.

Хамас го зароби Гилад Шалит во 2006 година во Газа, а тој е ослободен во 2011 година по израелско-палестинскиот договор за размена на заробеници. Оттогаш тој пишува и спортска колумна која е многу популарна во овој дел од светот.

Прочитајте и:  Израелските бомбардирања ги ставаат во опасност античките урнатини
- Реклама -