Човек на одлука се покажа Ансу Фати, шпанскиот репрезентативен офанзивец, кој влезе од клупата во 75. минута, на место на шпицот кој стартуваше, Мемфис Депај. Тој беше на вистинското место во 104. минута, кога Рафиња прати една топка по земја, оддесно. Домаќините од Сан Хуан де Аликанте немаа сили за ново чудо и не сменија ништо во второто продолжение.