Барса на лето пак ќе пазари во Минхен – Павар сега е цел на Каталонците

Откако ланското лето го земаа полскиот голгетер Роберт Левандовски од Баерн Минхен, шпанска Барселона и на лето ќе оди на пазар во Баварија, ама овојпат за десната бековска позиција.

Главна трансфер цел на Каталонците е екс-светскиот првак со Франција, Бенжамин Павар, кој има договор до 2024 година со Баерн, па на една година пред истек на договорот, во Барселона се надеваат дека ќе го добијат за прифатлива сума особено што во последно време Французинот нема улога на стартер кај Јулијан Нагелсман.

Барса се надева дека Баерн нема да постави неприфатливи услови, а Барса споре динформации на германските медиуми веќе имал почетни разговори со Павар, кој треба да ја пополни десната бековска позиција зашто веќе се најавува заминување на Ектор Белерин.

 

- Реклама -