Барса му избега на Реал: Дембеле го освои Мадрид, зашто Атлетико не знаеше да даде гол (ВИДЕО)

Францускиот репрезентативец Осман Дембеле го освои Мадрид и со неговиот единствен гол во 22-та минута ѝ донесе на Барселона голема победа од 1-0 против Атлетико во вечерашното дерби на кое мадридските црвено-бели не заслужија да загубат, ама не знаеа да дадат гол.

Дембеле погоди после 22 минути на асистенција на Гави, а сѐ потоа беше во знакот на Атлетико, зашто четата на Диего Симеоне имаше десетина шанси на мечот, а Роналд Араухо во четвртата минута од судиското надполнување спаси чист гол на гол-линијата во шансата на Ентоан Гризман за да триумфираат Каталонците.

Дѐвата тима мечот го завршија со по десетмина откако Стефан Савиќ и Феран Торес после ММА-битка во надополнувањето беа предвреме испратени од теренот.

- Реклама -