Барди: Нема поголема мотивација од тоа да играш за Македонија!

акедонскиот репрезентативец од шпански Леванте, Енис Барди посочи дека без оглед на загубените шанси за директен пласман на Евро 2020 преку оваа евроквалификациска група, за Македонија претстојните два меча со Австрија и со Израел се дуели од исклучителна важност, не само да се освои третото место во групата, туку и како подготовка за мартовскиот бараж во Лигата на нации.

Македонија моментно е трета и има шанса да го запише најдобриот пласман во едни квалификации, како најава за клучните мечеви во март во кои ќе бркаме историски пласман на континенталниот собир низ Европа.

„Поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме добри работи и ова ни помага да одиме напред, а пред нас се овие два меча кои ни значат многу. Овие два меча се многу важни, зашто имаме уште една шанса да одиме на Евро 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство“, вели Барди.

Австрија е прв наш противник, селекција која единствена нè победи убедливо (4-1) и од која добивме фудбалска лекција во овој циклус, па сега во Виена, макеоднските фудбалери ќе се обидат да го поправат впечатокот во мечевите со извонредните Австријци.

„Треба да влеземе на мечот со најголема концентрација и да дадеме сè од себе како во секој друг натпревар и овие натпревари ќе ни помогнат за понатаму. Јас мислам дека тоа беше лош ден за нас, направивме многу грешки кои ги забележавме. Мислам дека сега сме попаметни и ќе бидеме поконцентрирани. Многу е тешко да се игра против Австрија на нивни терен, зашто тие се силни физички, но како што кажувам секогаш оваа селекција има многу добри играчи и мислам дека дуелот против Австрија ќе биде уште поголема мотивација, зашто тие победија со 4-1 во Скопје, нешто што долго време нема направено никој и мора да одиме таму со ваков памет и да дадеме максимум“, додава Барди.

Фудбалерот за вркса посочува дека треба да одат меч по меч, но дека целта од овие два меча е да се освои тоа трето место во групата.

„Мислам дека треба да одиме меч по меч, сега имаме 11 бодови, се надевам ќе ни оди добро против Австрија и најважно е да завршиме трети, зашто никогаш Македонија не завршила на трето место и ќе ни биде полесно за следната година“, заврши Барди.

- Реклама -