Барате спас од комарци?

Ако ви е веќе здодеано од деноноќните борби со комарците и сите останати мали инсекти кои ви го попречуваат сонот или пак излетот во природа, ви откриваме неколку тајни со кои ќе успеете да се одбраните од нив.

Иако комерцијалните средства се делотворни, оние поквалитетните најчесто имаат превисока цена. Затоа, постојат неколку природни средства кои исто толку ги оттргнуваат комарците од вас.

Чад
Познато е дека инсектите не го поднесуваат мирисот на запален материјал, ниту топлиот оган, иако неговата светлост ги мами. Затоа, кога и да сте во природа, одржувајте тивок оган кој ќе ја направи таа територија недостапна за комарците.

Ракија
Доколку не ви пречи опојниот мирис на домашната лута ракија, истријте го телото со неа. Така сигурно ќе ги оттргнете комарците од вас.

Зачини
Ако не знаевте дека босилокот, нането, лавандата и рузмаринот со својот мирис ги одбиваат комарците, ви го откривме нивното магично дејство. Кога и да сте во можност, набавете барем еден од овие зачини и наполнете мали вреќички кои ќе ги оставите насекаде по домот.

Етерични масла
Етеричните масла од невен или еукалиптус се одлично средство против вечерните здодевни комарци. Доволно е да капнете само неколку капки масло во врела вода која испарува и ќе останете заштитени цела ноќ. Или пак, маслото можете да го нанесете на неколку делови од телото бидејќи никако не и штети на кожата.

Лимон
Исцедете еден лимон во литар вода и ќе добиете парфем од кој сите комарци бегаат.

- Реклама -