СЗО ги разгледува барањата за забрана на електонските цигари или сериозни ограничувања, откако се појавија многу мислења дека истата е штетна по здравјето.
Од друга страна повеќе од 50 научници се пријавија за поддршка на електронските цигари во отворено писмо објавено во Велика Британија, во кое тие апелираат до СЗО да не ги укине истите.
„Овој вид цигари се пронајдок кој овозможува да биде намалена штетата за здравјето од пушењето “се нагласува во писмото.
Неговите автори инсистираат дека високотехнолошките цигари се средство како замена за никотинска терапија.
Електронска цигара е измислена во средината на изминатата деценија. Таа се базира на технологија за формирање на пареа со содржина на никотин или други адитиви во уредот. Како резултат значително ја намалува количината на тешки минерали кои произлегуваат при согорување на тутунот.
Многу експерти на СЗО сметаат дека е потребно да бидат ограничено ширењето и рекламата на овие цигари.
Авторите на обраќањето се убедени дека тоа може да ја отежне борбата со традиционалното пушење.
Популарноста на електронските цигари во САД и Европа расте, па тоа ги поттикна терориите на завера дека се работи за пропаганда нарачана од тутунските комбании, на кои што во никој случај не им одговара популарноста на овој производ.
Што ќе се случува и понатаму и ако е вистина има ли начин да се докажт овие теории останува да видиме.
Засега останува да претпоставуваме дали е можно од електронските цигари да се добие рак, па безбедноста да ја бараме во регуларните?