Барањата на Русија во однос на Крим и Донбас не се реални, тврди портпаролот на Ердоган

Анкара, 29 март 2022 (МИА) – Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин изјави за Си-Ен-Ен дека барањата на Русија да ја признае нејзината анексија на Крим и независноста на регионот Донбас се „многу максималистички“ и „не се реални“.

„Ова се црвени линии за Украинците на Крим и Донбас, и со право, затоа што директно се однесуваат на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Ние не ја признавме анексијата на Крим, а ни остатокот од светот, дури ни Кина не ја призна анексијата на Крим … Русите навистина треба да смислат некои други идеи“, рече Калин.

Прочитајте и:  Борел: Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ
- Реклама -