Поранешниот претседател и неговата сопруга остануваат исклучително популарни меѓу демократската база и се очекува да бидат ефективни во помагањето на Харис во последниот дел од кампањата пред претседателските избори на 5 ноември
Демократката Камала Харис за прв пат ќе води кампања со Барак и Мишел Обама на одделни настани следната недела, надевајќи се дека ќе внесе малку политичка сила во последниот налет пред изборите во ноември, изјави висок претставник на кампањата.
Поранешниот претседател и неговата сопруга остануваат исклучително популарни меѓу демократската база и се очекува да бидат ефективни во помагањето на Харис во последниот дел од кампањата пред претседателските избори на 5 ноември.
Анкетите покажуваат дека претседателската трка меѓу Харис и републиканскиот ривал Доналд Трамп останува исклучително тесна.
Мишел Обама за прв пат ќе учествува во кампањата во овој изборен циклус и ќе се појави со Харис в сабота на 26 октомври во Мичиген. Во говорот на Демократската национална конвенција во Чикаго претходно оваа година, поранешната прва дама го обвини Трамп дека шири страв на неговиот пат до власт.
Барак Обама треба да ја води кампањата со Харис в четврток во Џорџија. Тој самиот веќе поминал низ некои клучни, т.н „свинг“ држави, оние каде секој кандидат би можел да победи. Повеќето држави традиционално се повеќе наклонети кон демократите или републиканците, па затоа во фокусот на кандидатите најчесто се државите „свинг“.
Во наредните денови Обама ќе ги посетат Тусон, Лас Вегас, Детроит и Медисон.
Некои веруваат дека Барак Обама помогнал да се исфрли претседателот Џо Бајден од трката за нов мандат, откако загриженоста на демократите за возраста и способноста на 81-годишниот лидер се зголеми по неговата дебата против Трамп во јуни.