ОН бара израелските сили да запрат со „активното учество“ во нападите на доселениците врз Палестинците

Обединетоте нации денеска изразија голема загриженост поради ескалацијата на насилството на Западниот Брег, барајќи израелските безбедносни сили „веднаш да го запрат своето активно учество и поддршка за нападите на доселениците“ врз тамошните Палестинци.

„Израелските власти наместо тоа, мора да спречат понатамошни напади, вклучително и со повикување на одговорност на сторителите“, изјави за новинарите во Женева Равина Шамдасани, портпаролка на канцеларијата за човекови права при Обединетите нации.

Во последниве години, насилството извршено од израелски доселеници врз Палестинците на Западниот Брег е во пораст. Во просек, три инциденти дневно поврзани со доселениците се случувале во првите осум месеци од 2023 година, во споредба со просечните два на ден во 2022 година и еден дневно годината претходно.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Од нападите на 7 октомври, овие инциденти се искачија во просек до седум дневно, што претставува највисок дневен просек на инциденти поврзани со доселениците што ги погодија Палестинците од 2006 година, кога Обединетите нации почнаа да ги евидентираат таквите податоци.

Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), меѓу 7 октомври 2023 и 29 јануари 2024 година, најмалку 198 палестински домаќинства – 1.208 лица, вклучително и 586 деца – се раселени поради насилството на доселениците и израелската политика за „ограничен пристап“. Политиката на Ограничување на пристап значи дека властите го ограничиле пристапот на поединецот до одредени објекти, вработувања или методи на комуникација. Од оваа причина раселени се цели бедуински заедници.

- Реклама -