Бар Рафаели: Горда сум на својот стомак!

Нормално е познатите убавици понекогаш да откријат некоја несигурност кога е во прашање изгледот, но кај Бар Рафаели нема лажни скромности. Таа веднаш го истакнува најдоброто од себе.

– Мојот стомак е издефиниран, и сум неописливо горда на него. И затоа јадам. Тоа се најдобрите работи во животот – откри Бар Рафаели за магазинот Максим.

Иако е многу самоуверена, 27-годишната Бар открила дека останала шокирана кога во магазинот Максим се нашла на прво место на листата за 100 најубави жени во светот.

– Тоа е титула на која ќе бидам горда до крајот на животот – изјави убавицата.

Русокосата Бар, која беше во врска со холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, а потоа и со Дејвид Шарвет Baywatch, вели дека не е лесно да се пронајде вистинскиот маж.

– Причината е тоа што не излегувам често, или сум на снимање или одам порано во кревет. Немам многу шанси да запознавам нови луѓе, освен бизнисмени во авион. А тие се или оженети, или многу постари – изјавила Бар, додавајќи дека иако постојано добива мејлови, писма и пораки од непознати луѓе што ја повикуваат на состаноци, не реагира на нив.

Кај момчето, пак, Бар прво ги забележува забите.

– Не сакам да генерализирам, но зошто со денешната напредна ортодонција луѓето во светот би шетале со расипани заби? Убава насмевска со прекрасни заби е најпривлечната работа – категорична е таа.

- Реклама -