Банкарот што ги спаси Голден Стејт Вориорс

3155[1]

Во 2010-та, основачот на софтверската компанија Oracle – Лари Елисон, ја пропушти можноста да го купи НБА тимот на Голден Стејт. Тоа се покажа како најдоброто нешто што му се случило на тимот.

Во интервју за Bloomberg, банкарот Салваторе Галатиото, кој работеше на зделката за продажба на моментално најдобариот тим во НБА, ги сподели деталите од процесот на продажба.

„Организиравме аукција и собравме 12 кандидати-купувачи“, објаснува Галатиото. Еден од последните двајца кои останаа во игра за тендерот беше Џо Џејкоб и неговата група, која на крајот победи. Добив многу сериозни критики за тоа што му го продадов тимот токму нему“.

Другиот наддавач, како што рековме, бил Елисон. Фановите мислеа дека тој ќе го купи клубот и ќе потроши еден куп пари. Галатиото, сепак, не мисли така.

gasa[1]
„Кралот на зделките“

„Тој не беше водечкиот кандидат-купувач. Питер Губер и Џо имаа визија за овој клуб и навистина чувствував дека ќе бидат одлични сопственици. Навистина ме поплавија со критики. Луѓето сакаа Елисон да победи. Едноставно не разбираа. Џо имаше план и Џо го купи тимот“, вели Галатиото.

До ден денес уште чека некој да му пристапи и да му рече: „Знаеш што, Сал? Во право беше. Овие луѓе беа соодветните сопственици“.

„Не сакам да навредам никого, но кој е подобар од овие луѓе? Па тие го направија Голден Стејт од тим за потсмев во тим што е страв и трепет!“

2015-06-17t043537z_1154834890_nocid_rtrmadp_3_nba-playoffs-golden-state-warriors-at-cleveland-cavaliers_0[1]

Галатиото, кој многумина го сметаат за „Крал на зделките во спортот”, е истиот тој човек што ја среди продажбата на Шарлот Бобкетс на Мајкл Џордан, како и човекот што ги продаде Вашингтон Редскинс (од НФЛ лигата) на Даниел Снајдер. Работел во Societe Generale и Lehman Brothers, а сега раководи со сопствена фирма на име Galatioto Sports Partners.

- Реклама -