Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, денеска ја освои пол-позицијата за спринт и главната трка од Големата награда на Чешка во Мото ГП шампионатот.
На патеката во Брно, Бањаја ја обезбеди својата прва пол-позиција оваа сезона со време од 1 минута и 52.303 секунди.
Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше на чекор до пол-позицијата, но за жал, падна во последниот круг и заврши втор, со заостанување од 0,219 секунди.
Фабио Куартараро од Јамаха се пласираше на третото место, заостанувајќи 0,305 секунди зад победникот во квалификациите.
Спринт-трката за Големата награда на Чешка ќе се одржи денес во 15:00 часот, додека главната трка е закажана за утре во 14:00 часот.
Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 344 поени, додека Алекс Маркез е втор со 261, а Бањаја е трет со 197 поени.




