Банана сплит палачинка

Состојки:

Палачинка (како се подготвува можете да видите ТУКА)

– Нутела 30 гр.

– Бисквити 20 гр.

– Банана 1

– Шлаг, 2 топки

– Чоколадо 5 гр.

Упатство за подготовка

Испечете ги палачинките според вашиот омилен рецепт. На испечените палачинки намачкајте крем, преку него додадете ги исецканите банани и сето тоа посипете го со бисквити. Затворете ја палачинката, ставете на врвот 2 топки шлаг и украсете со бисквити и растопеното чоколадо.

За подобрување на вкусот можете да додадете и овошје по избор.

- Реклама -