Марио Балотели вели дека Милан мора да се засили за поголем успех во Лигата на Шампионите, напаѓачот го сака Златан Ибрахимовиќ на Сан Сиро.
Супер Марио’ верува дека овој тим на ’Росоњерите’ е силен, но за Милан да се натпреварува со најдобрите во Европа потребно е да ангажира неколку квалитетни играчи.
Репрезентативецот на ’Аѕурите’ открива дека го поканил Карлос Тевез да му се придружи на Сан Сиро, но Аргентинецот сепак се одлучи за Јувентус.
Балотели исто така вели дека посакува да игра покрај Златан Ибрахимовиќ во нападот на Милан.
„Имаме силен тим, но за да се натпреваруваме против најдобрите во Европа, потребни ни се засилувања” – рече напаѓачот за SportMediaset.
„Би сакал да го купиме Ибрахимовиќ”.
„Тевез ми е пријател, разговарав со него и му кажав да ми се придружи во Милан, сепак тој не ме послуша и се пресели во Јувентус”.
Италијанецот додава дека е среќен што Стефан Ел Шарави ќе остане на Сан Сиро.
„Му испратив порака на Стефан и го прашав како поминал состанокот со Адриано Галијани”.
„Ми одговори дека останува, а јас му вратив дека тоа е добра одлука. Среќен сум што Ел Шарави ќе остане”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал