Бактерија е виновна за детските напади на астма

Повеќе...Новото откритие доведе до резултат кој може засекогаш да го смени методот на терапијата со астма. Имено, бидејќи е утврдено дека и бактеролошките инфекции можат да предизвикаат напади на астма, научниците сега се надеваат дека сето тоа може да се излечи со антибиотици.


Новото откритие доведе до резултат кој може засекогаш да го смени методот на терапијата со астма. Имено, бидејќи е утврдено дека и бактеролошките инфекции можат да предзвикаат напади на астма, научниците сега се надеваат дека сето тоа може да се излечи со антибиотици.

asthmaPA_415x275На докторите одамна им е познато дека вирусните инфекции можат да предизвикат напади на астма, како и недостиг на воздух, кашлање и тешко дишење. Но, додека вирусните инфекции не можат да се излечат, научниците во Данскиот педијатриски астма центар и Универзитетот во Копенхаген, открија дека и бактеролошките инфекции, кои можат да се излечат, можат да предизвикаат напади на астма. Ова откритие може да доведе до голема промена во лечењето.

„Најдовме голема врска помеѓу бактеролошките инфекции и акутните напади на астма – уште поголема од онаа на вирусните инфекции и нападите“, вели Ханс Бисгард, професор на педијатрија во астма центарот. Во истражувањето беа вклучени 361 дете помеѓу 4 недели и 3 години, за да се утврди присутноста на вирусните и бактеролошките инфекции за време на астма нападите. Резултатот беше дека бројот на напади беше исто толку голем кај децата со бактеролошки инфекции, како и кај тие со вирусни инфекции.

Дали да се земаат антибиотици за третирање на нападите? „Ова укажува дека бактеријата може да ги влошува симптомите на астмата, дури и ако не сте инфицирани со вирус“, вели професорот Бисгард. „Ова откритие укажува на нов метод на лечење при нападите. Не можеме да ги излечиме вирусните инфекции, но научниците сега ќе употребуваат поинаков третман на децата кои имаат напади, но имаат и бактеролошки инфекции. Ако успееме да користиме антибиотици за да се спречат нападите на астма кај децата – тоа би било револуционерно“

Ефектите од лечењето со антибиотици внимателно ќе биде следено и истражувано од Данскиот педијатриски астма центар. [Bacteria to blame in asthma attacks in children]

- Реклама -