Баклава со суви сливи

Десерт што се подготвува лесно.

baklava

Состојки:

1 кг. суви сливи

250 г. маргарин

500 г.  кора за пита

800 г. шеќер

1,5 дл. вода

Подготовка:

1.Колограм суви сливи попарете ги со 6 дл. жешка вода, преклопете и оставете малку да отстојат.

2.Еден маргарин растопете го на тивок оган.

3.Исцедете ги сливите.

4.Една кора премачкајте ја рамномерно со 2 лажици растопен маргарин, додадете преку неа друга кора и повторете ја постапката, потоа трета кора и исто повторете ја постапката. Преку третата кора на работ редете густо ред сливи, а потоа мотајте во ролна и ставете во тепсија која не се подмачкува.

5. Секоја ролна премачкајте ја со лажица растопен маргарин и сечете на парчиња во ширина околу 3 см. а потоа на местата каде што е исечено додадете по малку растопен маргарин.

6. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени додека не стане златно жолтеникава.

7. Во тенџерче ставете 800 г. шеќер, сипете 1,5 дл вода и ставете на тивок оган. Мешајте додека шеќерот не се растопи, а потоа засилете го оганот и мешајте додека не зоврие и не се појават меурчиња. Оставете да се олади.

8. Готовата жешка пита прелејте ја со оладената смеса рамномерно и оставете ја да отстои половина час, да упијат корите.

- Реклама -