Бајден загуби уште една битка со скалите на претседателскиот „Air Force One“ (ВИДЕО)

По историските говори што ги одржа во Полска по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, американскиот претседател Џо Бајден загуби уште една битка со скалите на претседателскиот „Air Force One“, и тоа токму на заминување од Полска, на варшавскиот аеродром Шопен.

Видеото го објави New York Post, потенцирајќи дека ова му е најмалку третпат на американскиот претседател да потклекне под предизвикот наречен скали.

Првпат, потсетува изданието, во март 2021 Бајден двапати се сопна и удри на скалите додека заминуваше кон Џорџија, по што од Белата куќа го правдаа дека имало силен налет на ветер.

Во мај лани, Бајден накратко ја загуби рамнотежата качувајќи се на авионот додека заминуваше за Илиноис, но успеа да се задржи за парапетот на скалите и да не се сопне и да падне.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Во јуни, Бајден се сопна пред летот за Лос Анџелес, каде гостуваше во шоуто на Џими Кимел.

80-годишниот Бајден е најстариот американски претседател, а неговата борба со рамнотежата Републиканците ја користат како аргумент во обвинувањата дека тој не е ниту физички ниту ментално способен да биде на чело на една светска сила, најмалку на САД.

Како што наведува New York Post, минатата недела Бајден имал физички преглед, по што Белата куќа објави извештај на пет страни во кој се наведува дека актуелниот претседател има „вкочанет од“ поради „значителен спинален артритис, благ артритис на стапалото последица на фрактура, и блага сензорна периферна невропатија на стапалата“.

- Реклама -