Бајден: САД ќе одговорат одлучно доколку Русија ја нападне Украина

Вашингтон, 3 јануари 2022 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден јасно му стави до знаење на својот украински колега Володимир Зеленски дека САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат одлучно доколку Русија дополнително ја нападне Украина, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека лидерите изразиле поддршка за дипломатските напори.

Бајден ја потврди посветеноста на САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Зеленски рече дека со Бајден разговарал за заеднички активности за зачувување на мирот во Европа и спречување понатамошна ескалација.

„Првиот меѓународен разговор оваа година со Бајден ја докажува посебната природа на нашите односи“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој објави дека разговарале за заедничките акции на Украина, САД и партнерите за зачувување на мирот во Европа, спречување понатамошна ескалација, реформи и деолигархизација.

Прочитајте и:  Белата куќа со критики за Илон Маск откако „праша“ зошто има обиди за атентат само врз Трамп

„Ја цениме непоколебливата поддршка за Украина“, рече Зеленски.

- Реклама -