Бајден: САД ќе го заштитат Тајван доколку Кина го нападне

Вашингтон, 22 октомври 2021 (МИА) – САД ќе го заштитат Тајван доколку Кина го нападне, изјави американскиот претседател Џо Бајден. На прашањето дали САД имаат обврска да го бранат Тајван, Бајден рече дека САД ќе му помогнат на Тајван, кој се пожали на зголемениот воен и политички притисок од Пекинг да го прифати кинескиот суверенитет.

Бајден рече дека луѓето не треба да се сомневаат во воената моќ на Вашингтон, бидејќи „Кина, Русија и сите други во светот знаат дека ја имаме најмоќната армија во човечката историја“.

„Не сакам Студена војна со Кина. Само сакам Кина да знае дека нема да отстапиме и да ги промениме нашите ставови“, рече тој.

Прочитајте и:  Фарел Вилијамс: Не сакам познатите да ми кажуваат за кого да гласам

Воените тензии меѓу Тајван и Кина достигнаа врв во последните 40 години, рече тајванскиот министер за одбрана овој месец, нагласувајќи дека Кина е способна да организира целосна инвазија на Тајван до 2025 година.

- Реклама -