Бајден: Русија не треба да биде означена како спонзор на тероризмот

Вашингтон, 6 септември 2022 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Русија не треба да се класифицира како држава што спонзорира тероризам.

Тој, на новинарско прашање дали Русија треба да се означи како држава што спонзорира, кусо одговори „не“.

Украина, по руската инвазија, бара од западните држави Русија да биде означена како спонзор на тероризмот, додека Москва предупредува дека тоа би значело крај на руско-американските односи.

И дел од американските законодавци претходно предлагаа Русија да биде прогласена за спонзор на тероризмот.

Прочитајте и:  Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
- Реклама -