Бајден: Русија го зголемува производството на оружје, а НАТО не смее да заостане

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека земјите-членки на НАТО мора да го зголемат своето индустриско производство за да бидат во чекор со руското производство на оружје и муниција.

– Не можеме да дозволиме алијансата да заостане, рече Бајден на отворањето на работната сесија на самитот на НАТО.

Како што јави СИ-Ен-Ен, тој додаде дека сите членки на НАТО се обврзуваат да го прошират својот индустриски капацитет.

– Ќе бидеме во можност да произведеме повеќе критична одбранбена опрема побрзо, рече Бајден. „И можеби ќе ни треба“, додаде тој.

Бајден рече дека новото ветување за производство испраќа порака до светот дека „секоја членка на НАТО е посветена да го исполни својот дел за да ја одржи Алијансата силна“.

Прочитајте и:  Руте: Најдобро е земјите кои и обезбедуваат оружје на Украина да не и поставуваат ограничувања за тоа како да го користи
- Реклама -