Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека размислува за дополнителни санкции против Русија, три дена по смртта на противникот на Кремљ, Алексеј Навални.
– Веќе имаме санкции, но во процес сме на разгледување дополнителни, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа и повтори дека го смета рускиот претседател Владимир Путин за одговорен за смртта на Навални кој почина во петокот во затвор во рускиот Арктички круг.
САД и Европската унија веќе воведоа серија санкции против Москва од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година.