Бајден размислува на Украина да ѝ испорача противтенковски летала – камикази

Вашингтон, 16 март 2022 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден размислува за испраќање американски противтенковски беспилотни летала – камикази „Switchblade“ во Украина, како дел од одбранбениот пакет од една милијарда долари, чија цел е да одговори на барањата за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави МејлОнлајн.

Малите, лесни и релативно евтини оружја – камикази, кои всушност претставуваат бомби со далечински управувач, се произведуваат во две верзии и се дизајнирани да гаѓаат тенкови или артилериски позиции.

Се верува дека со истите ракети е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани за време на управувањето на Доналд Трамп во 2020 година, потсетува британското издание.

Ен Би Си Њуз, од своја страна, соопшти дека се уште не е донесена одлука. Според американската ТВ мрежа, постојат две варијанти на оружјето „Switchblade“ – 300 и 600, кои на американската армија и ги доставува производителот на оружје AeroVironment. Типот „300“ е дизајниран за прецизни напади против воен персонал, а „600“ можат да уништат тенкови и други оклопни возила.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

- Реклама -