Бајден: Постои сериозна закана дека Русија ќе употреби хемиско оружје против Украина

Вашингтон, 23 март 2022 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска замина за Европа, каде ќе учествува на самитот на НАТО и ќе ја посети Полска, а пред тргнување на пат накратко ја искоментира можноста Русија да употреби хемиско оружје против Украина.

Бајден и денеска повтори дека тоа е вистинска закана.

„Постои реална закана Русија да употреби хемиско оружје против Украина“, кажа Бајден.

На прашањето што ќе им каже на западните партнери, тој рече дека токму тоа ќе им го каже в лице.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме
- Реклама -