Бајден: Подготвени сме на сѐ што Русија прави и се заканува да го направи

Во обараќање до јавноста денеска од Белата куќа, американскиот претседател Џо Бајден укажа дека Русија бара изговор за своите загуби со тоа што тврди дека НАТО и САД ја напаѓаат Русија во „прокси“ војна, иако тоа го извршуваат воените сили на Украина.

Тој рече дека САД и НАТО не ја напаѓаат Русија, туку дека ѝ помагаат на Украина да се одбрани, но и дека САД и НАТО се „подготвени на сѐ што Русија прави“ и се заканува да го направи.

„Многу поскапо ќе нѐ чини ако отстапиме на агресијата, отколку ако запреме со испораките на оружје“, изјави Бајден. Рече дека се држи до својата одлука да не испраќа американски војници во Украина, но дека воената помош за Украина продолжува.

„Сѐ додека нападите и злосторствата пеодолжуваат, ние ќе помагаме на Украина да се одбрани од руската агресија“, додаде американскиот претседател.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Како што и претходо беше соопштено, Белата куќа достави барање до Конгресот за дополнителни 33 милијарди долари помош за Украина.

Бајден се здржа и „на обидите на Русија да се заканува со енергија“ и за прекинот на испораката на гас за Полска и Бугарија.

„Тоа нема да го дозволиме и преземаме чекори за дополнување испораките за нашите сојузници од земји како Јапонија“, изјави тој. Потврди дека за разлика од Полска, која има изградено капацитети за складирање гас, Бугарија нема такви можности.

„Бугарија ќе биде помогната од сојузниците и разгледуваме можности за транспорт на гас од земји како Јапонија“, додаде Бајден.

Американскиот претседателму се обрати и на рускиот претседател Владимир Путин, порачувајќи му: „Нема да успееш да доминираш над Украина“.

Извор: МИА

- Реклама -