Бајден почна програма која им овозможува на илегалните имигранти кои се венчале со Американци да добијат државјанство

Американската влада почна програма која им овозможува на стотици илјади имигранти да добијат американско државјанство.

Ова е еден од најголемите чекори на демократскиот претседател Џо Бајден со цел да им се обезбеди правен статус на луѓето кои нелегално влегле во САД и живеат таму долги години. Програмата почнува неколку месеци пред изборите на 5 ноември. Републиканската партија главниот фокус во предизборната кампања го стави токму на илегалната имиграција.

Програмата Да ги зачуваме семејствата заедно, објавена уште во јуни, ќе биде достапна за околу 500.000 сопружници на државјани на САД кои живеат во САД најмалку 10 години до 17 јуни 2024 година, велат владините претставници. Околу 50.000 деца на возраст под 21 година, чии родители се државјани на САД, исто така ќе имаат право да аплицираат.

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“

Шемата му дозволува на сопружникот на државјанин на САД да добие постојан престој, познат како зелен картон, без да ги напушти САД. По добивањето зелен картон, лицето може да поднесе барање за државјанство по три години. Претходните правила бараа тоа лице да ги напушти САД и да чека со години пред да му биде дозволено да се врати.

Бајден ја претстави програмата пред во јули да се повлече од изборната трка со републиканецот Доналд Трамп, кој има тврдокорни ставови за имиграцијата.

- Реклама -