Бајден пак се збуни: „Путин очигледно ја губи војната во Ирак“

Американскиот претседател Џо Бајден смета дека Владимир Путин ја губи војната во Ирак. Барем така изјави, додавајќи уште еден гаф во неговата богата колекција.

„Тешко е да се каже, но тој очигледно ја губи војната во Ирак, истакна Бајден“, рече Бајден одговарајќи на новинарско прашање за рускиот претседател, веројатно мислејќи на војната во Украина.

Новиот гаф на Бајден следува откако пред само неколку дена ја стави раката на срце при интонирањето на индиската химна, мислејќи дека е американската.

Претходно месецов, пред своите поддржувачи, во говор за контрола на оружјето, американскиот претседател (кој се надева да биде реизбран за уште еден мандат) ненадејно рече: „Бог да ја чува кралицата“ (на англиски „God, save the Queen“) можеби мислејќи на британската кралица Елизабета II, која почина во септември минатата година.

Прочитајте и:  Симонс: Бајден има време да се повлече и да ја пушти Камала Харис да стане првата жена претседател на САД

Подоцна Белата куќа подоцна го правдаше дека забелешката била упатена кон некого од публиката, но без да наведе други детали.

- Реклама -