Бајден: Кина разбира дека економската иднина ѝ е многу поповрзана со Западот отколку со Русија

Брисел, 24 март 2022 (МИА) – Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека верува оти Кина е свесна за потенцијалните страшни економски последици што би настанале доколку Пекинг и пружи помош на Русија.

Тој додаде дека имал „многу отворен разговор“ со кинескиот претседател Си Џинпинг на таа тема минатата недела.

Бајден наведе дека Кина се обидува да развие посилни економски врски со Западот.

„Мислам дека Кина разбира дека нејзината економска иднина е многу по поврзана со Западот отколку со Русија“, посочи Бајден.

Прочитајте и:  Бајден одобри противпешадиски мини за Украина со цел да се запре рускиот пробив
- Реклама -