Женева, 3 октомври 2021 (МИА) – Бахреинската атлетичарка Калкидан Гезахење постави нов светски рекорд во уличната трка на 10 километри, триумфирајќи денеска на патеката во Женева со време од 29:38 минути.
Нејзиното време е за пет секунди побрзо од рекордот што во 2017 година го постави денешната победничка на маратонот во Лондон, Кенијката Џојслин Џепскогеи (29:43).
Триесетгодишната Гезахење на Олимписките игри ова лето во Токио го освои сребрениот медал на 10.000 метри зад Белгијката Сифан Хасан.