Баерн Минхен го сака Де Јонг

Најџел де Јонг е најновата желба на раководството на Баерн Минхен, откако баварскиот гигант реши да ги прекине преговорите со Атлетик Билбао за трансферот на Хави Мартинез.

Челниците на Баерн јавно ги критикуваа баскијците поради превисоката сума од 40 милиони евра што ја бараат за еден од своите најдобри фудбалери, но јасно е дека Атлетик нема намера да отстапи од оваа оштета, што го прави трансферот на Мартинез на „Алијанц Арена“ невозможна мисија.

Тренерот Јуп Хејнкес инсистира да му биде доведен барем еден „деструктивец“ којшто би играл на позицијата последен играч за врска, па затоа погледите на германскиот вицешампион сега се целосно насочени кон Најџел де Јонг.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Холандскиот интернационалец го загуби статусот на првотимец во Манчестер Сити од Герет Бери, па сега е достапен за трансфер за сума од околу 10 милиони евра. Останува да се види дали двата клуба ќе успеат да постигнат договор за трансферот на холандскиот ас, којшто не крие дека би се преселил во редовите на Баерн, но само доколку за тоа добие зелено светло од управата на „Граѓаните“.

- Реклама -