Баба од некои други времиња

granny

Баба е жена која веќе нема сопствени деца, но бескрајно им се радува на момчињата и девојчињата. Таа е стара, се движи бавно, но продолжува да ни доаѓа на гости. А колку е убаво да излезам со баба на прошетка! Најверојатно таа има многу пари, бидејќи никогаш не ме одбива кога ќе ја замолам да се качам на некоја од вртелешките во паркот.

Баба се движи бавно и често запира за да зјапа во различни нешта, било да е тоа куп листови или некоја шарена пеперутка. Баба никогаш нема да ти рече „Ајде, побрзо!“

Баба носи очила и може да си ги извади забите.

Баба не мора да е супер-паметна за да може да ги одговори важните детски прашања како тоа зошто кучето ја брка мачката. Баба е таа што чита приказни пред спиење, никогаш не пропушта пасус и не се лути ако треба да се чита истата приказна по двапати.

Секој треба да ги сака бабите, бидејќи тие се единствените од возрасните кои наоѓаат време за децата.

Дефиниција на едно внуче без интернет

- Реклама -