„B92“: Заев не дава оставка за ништо на светот

По шпекулациите во медиумите дека поднесува оставка, премиерот Зоран Заев рекол дека тоа нема да го направи „за ништо на светот“, објави српскиот „B92“ повикувајќи се на извори блиски до Заев.

Одредени медиуми јавија дека Заев дал оставка, но во меѓувреме тој и македонската влада тоа го демантирале, пишува порталот, иако од Заев немаше официјален демант, ниту изјава, а од Владата имаше само „за секоја одлука јавноста ќе биде известена“.

Како што се наведува во текстот, информацијата за оставка на Заев е објавена од страна на италијанската новинска агенција „Ansa“, каде сѐ уште стои информацијата, а која се повикува на европски дипломати. „B92“ наведува дека и „Спутник“ навел дека Заев ја ковертирал својата оставка и за тоа ги известил странските амбасади.

Сепак, на прашање од српската агенција „Танјуг“, од македонската влада одговориле дека информациите се погрешни, а дека точната е дека „Заев не поднел оставка“.

 

- Реклама -