Еден од најочекуваните модели на пазарот ќе биде опремен со беспилотен режим на управување преземен од Tesla Model S. Веста ја потврди шефот на Alfa Romeo и Maserati, Харалд Вестерн, за британското списание Autocar.
Според високиот менаџер автопилотот не противречи на било кој начин на филозофијата на брендот и имиџот на Giulia. Дури напротив – футуристичката функција ќе им овозможи на возачите да добиваат повеќе задоволство во секојдневниот живот.
– Сите ги знаеме ситуациите со кои се соочуваат возилата во градови како Лондон и Милано. Кога наутро ќе тргнете на работа брзо сфаќате дека сè што правите е застанување и поаѓање. Тоа е вистинско губење на нерви и време. Ние ќе ви ги поштедиме, истакнува како во шега, но со голема доза на сериозност, Вестерн.
По Giulia со автопилот етапно ќе започнат да се опремуваат и сите други модели на Алијансата FCA која ги поседува марките Alfa Romeo, Fiat, Chrysler, Dodge и Maserati. Тоа сепак ќе се случи не порано од 2024 година.