Автономен автомобил од RINSPEED

Дизајн работилницата на Rinspeed објави дека за време на меѓународниот салон во Женева, на почетокот на март, ќе има светската премиера на нов концептен автомобил, наречен XchangE.

Главниот акцент кај новата изведба на работилницата е идејата за автономно движење и попрецизно, како би изгледала внатрешноста на еден таков автомобил. Во моментов од Rinspeed не откриваат многу информации, но истакнуваат дека концептот XchangE ќе располага со ергономски седишта, слични на оние во бизнис класа на авионите, овозможувајќи истовремено можност за одмор и работа.

- Реклама -