Жолтиот автомобил којшто вчера беше пронајден во водите на Вардар, во близина на Камен мост, е во сопственост на актерката Весна Петрушевска.
Актерката, по реакциите на социјалните мрежи, ги нарече корисниците „душебрижници“ и дека единствено што во тој момент ѝ било важно е нејзините деца да не дознаат преку социјалните мрежи. Наводно, нејзиниот автомобил бил паркиран во близина на МНТ, поради проба во нејзината школа за таленти „Бејби шоу“.
Претходно, од страна на полициски службеници констатирано е дека се работи за патничко моторно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 47-годишната В.П., но за кратко време се дозна чив е автомобилот.