Автомобилите од ЕУ сами ќе повикуваат помош при несреќа

Сите нови автомобили кој ќе бидат произведени или увезени во Европската Унија до Октомври 2015 година, ќе бидат опремени со систем кој автоматски ќе ги известува службите за итна помош при случај на тешка сообраќајна незгода, соопшти денес Европската комисија.

Системот “ikol” автоматски ќе ја праќа локацијата на несреќата, дури и ако возачот не е при свест или пак неможе да повика помош. Се проценува дека овој систем ќе спасува околу 2.500 човечки животи секоја година. Откако ќе се усвои нацрт законот, во наредниот период ќе се работи на развој на инфраструктурата за примање и обработка на овие сигнали.

Потпретседателот на Европската комисија, Сим Калас кој раководи со ресорот сообраќај изјави: Кога несреќата ќе се случи, секоја минута е важна за спасување на жртвите. Технологијата “ikol” има голем потенцијал за спасување на човечки животи, со тоа што ќе го скрати времето на известување на службите за помош.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Според официјалните податоци, минатата година на патиштата во ЕУ погинале 28.000 луѓе, додека милион и половина се здобиле со повреди.

- Реклама -