Aвтомобилите со кои се гордееја во СССР

Пред неколку дена се навршија 55 години од моментот во кој од Горьковского Автомобильного Завода (ГАЗ) излезе првиот луксузен седан ГАЗ-13, познат повеќе како Чајка.И покрај многуте негови сличности со американски автомобили, тоа возило останува едно од најоргиналните изведени, но и според многумина најубавите во историјата на СССР. Токму овој повод не натера да ви покажеме најзначајните автомобили во историјата на поранешниот Советски Сојуз. Сите автомобили кои ви претставуваме се произведени по Втората светска војна, а мнозинството од нив се од ГАЗ. Ви претставуваме по хронолошки редослед.

ГАЗ-М20 Победа (1946-1958 година)
Развојот на овој автомобил започнува уште во 1943 година, кога до победата остануваат цели две години. Ова е првото советско патничко возило со самоносечка конструкција и еден од првите со ваква каросерија. До крајот на производството слегуваат од лентите вкупно 235.999 автомобили, од кои 14.222 биле кабриолет.

ГАЗ-12 ЗИМ (1950-1960 година)
„Баќушките“ тврдат дека токму луксузниот седан ЗИМ е првиот во светот автомобил со шест седишта. Автомобилот е со должина 5,5 метри и располага со исклучително солиден и репрезентативен изглед. Ова е и првиот репрезентативен советски автомобил, пуштен во продажба и за обичните руски граѓани.

ГАЗ-69 (1951-1972 година)
Теренецот е создаден со дефинитивно за воени цели, но брзо станува омилено возило на Русите поради исклучителната проодност. Двата главни сериски модели се со две и со четири врати, а таванот е од посебен материјал со нитни и може да се извади.

ГАЗ-13 Чајка (1959-1981 година)
Прилично моќен за времето, со V8 мотор, ова издание е само мал дел од многуте храбро ископирани остварувања од американската автомобилска индустриа. Конкретно тој е копија на Packard Caribbean/Patrician, но и покрај тоа Чајка останува една од најпознатите култните советски лимузини.

ВАЗ-2121 Нива (1977- )
Единствениот советска автомобил кој заслужува почит и не е произведен во Горковската фабрика за автомобили е ВАЗ-2121, познат повеќе како Лада Нива. Русите се на мислење дека уште пред 30 години токму овој автомобил покажал каков треба да биде трендот кај сегашните теренци. Малку претерано, но и покрај тоа заслугите на моделот едвај можат да се одречат.

 

 

- Реклама -