Автомобил со погон на кафе

автомобилКафето не е само арома – британски инженери создале автомобил кој работи ексклузивно на зрна кафе и го скршил светскиот брзински рекорд за автомобил со погон на органски отпад. Овој месец модифициран Ровер SD1 успеал да одржи просечна брзина од 107 километри на час на патеката Елвингтон во близина на Јорк.

Автомобилот го сруши претходниот рекорд од 75 километри на час, поставен од тим од САД кој создал автомобил со погон на дрвени зрнца. Инженерот Мартин Бејкон, од Teesdale Conservation Volunteers of Durham, го олесниле стариот автомобил и го опремиле со „гасификатор“ и филтри, кои ги претвараат искористените зрна кафе во енергија за погон на моторот.

Но овој автомобил не е првиот со погон на кафе. Господин Бејкон и неговиот тим го базирале нивниот дизајн за Роверот на Фолксваген Широко со погон на кафе создадено за научна емисија на ВВС. Тој автомобил бил возен од Лондон до Манчестер во март минатата година со што влегол во Гинисовата Книга на Рекорди како првиот автомобил со погон на органски отпад кој успеал да помине такво растојание.

Ваков автомобил работи преку согорување на искористени зрна кафе, кои инаку би завршиле на депонија, на многу специфичен начин. „Ова е како стар шпорет на јаглен. Кафето се загрева исто како јаглен. Потоа гасовите од согорувањето, јаглерод диоксид и водена пареа, се редуцираат со вжештен јаглерод за да формираат јаглерод моноксид и водород.“
„Ова потоа се филтрира низ неколку филтри и се лади со помош на ладилник. До тогаш гасот е многу постуден и почист и поминува во моторот. Гасот од кафето, јаглерод моноксидот и водородот влегуваат во цилиндрите по што експлозиите го движат моторот.“ [Coffee-powered car breaks world speed record (and it’s British-built)]

- Реклама -