Најскапиот автомобил на светот

Според информациите од Bloomberg, најскапиот автомобил на светот е специјално дизајнирана креација за легендарниот тркач со автомобили, Стерлинг Мос, Ferrari 250 GTO од 1962 година.

Ова издание неодамна е продадено за 35 милиони американски долари и многумина се чудат зошто, бидејќи не е нешто посебно и нема особено импресивна тркачка историја. Неговата цена се зголемила неколкукратно во изминатите 15-тина години.

Во 1996 година, светло-зеленото Ferrari 250 GTO на Стерлинг Мос е продадено за „прифатливи“ 3,5 милиони долари, а последниот сопственик, кој го купил пред 10 години, за него платил 8,5 милиони долари.

Објавено во соработка со Авто Плус.

Прочитајте и:  Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари
- Реклама -